Ковачевски во УНДП: Со поддршката исполнуваме стратешки цели на државата и квалитетен живот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на САД, оствари средба со Ивана Живковиќ, помошник генерален секретар и директор за Регионално биро за Европа – УНДП, информираа вечерва од владината прес-служба.







На средбата на која присуствувала и заменик претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, се разговарало за активности и поддршката на УНДП за Република Северна Македонија, кои опфаќаат повеќе области како енергетика, животна средина, социјален развој, здравство, демократско управување, зелено финансирање.

Ковачевски изразил задоволство за насоките дадени од оваа значајна меѓународна организација, во справувањето со енергетската и економската криза.

На средбата било потенцирано дека и во иднина ќе продолжи да се унапредува соработката на УНДП со нашата држава, во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и поддршка во исполнувањето на стратешките цели на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK