Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Видео-Ковачевски-од-Бутел-Веќе-од-наредниот-месец-минималната-плата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски  оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претставници на компаниите членки на комората.На средбата се разговараше за ефектите од досегашните мерки за приватнот сектор и економијата, предлозите на Комората, како и за идните мерки од програмата на СДСМ.


Претседателот Ковачевски, пред почетокот на средбата во изјава за медиуми, посочи дека средбите со бизнис секторот се секогаш добредојдени, особено во период на предизборие,за да се слушне гласот на бизнис заедницата, нивните ставови и предлози за креирање на идните политики за развој на економијата,

„Владата што јас предводводев, владата предводена од СДСМ, воспостави партнерски однос помеѓу стопанството и државата. И секогаш кога се носеа одредени мерки, особено во време на ковид кризата и енергетската криза, беше консултиран бизнис секторот. Само на овој начин ќе имаме ефикасни мерки и политики кои ќе ја движат економијата напред”, истакна Ковачевски.

При тоа, Ковачевски нагласи дека економијата беше високо на листата приоритети додека бил претседател на Владата, бидејќи не можеме да се зборува за напредна и развиена држава, ако нема силна и развиена економија, здрав приватен бизнис сектор кој ќе ја движи економијата и ќе генерира нови работни места.

„Во мандатот на Владата предводена од СДСМ вложени се 100 милиони евра со кои се поддржани 919 компании. Со оваа поддршка компаниите реализираа 500 милиони евра инвестиции. До 2017 година, имаше нула поддршка за домашните компании, единствена поддршка добиваа странските компании кои инвестираа во државата. А денес, само преку инвестициските циклуси на компаниите се отворија над 5.000 домицилни работни места, со достоинствени плати за нашите сограѓани. Тоа се компании кои растеа со оваа државна помош и кои денес претставуваат дел од извозниот потенцијал на нашата држава“, рече Ковачевски.

Северна Македонија денес е земја членка на НАТО и земја со отпочати преговори со ЕУ, стабилна, просперитетна и безбедна земја и поради тоа денес е земја која инвеститорите ја преферираат и сакаат да инвестираат. Во однос на досегашните мерки, Ковачевски потенцираше дека со правилните политики на Владата предводена од СДСМ, и во време на криза се оддржа ликвидноста на компаниите, се задржаа работните места, се заштитите стандардот на граѓаните, се зголемијаплатите и пензиите, се намали невработеноста.

„Низ целиот овој процес, коморите, приватниот сектор беа вистински партнери на Владата и тоа треба и ќе продолжи и понатаму во следниот мандат. Преку таа соработка дадена е сериозна поддршка на приватниот сектор кој беше опфатен во секој пакет антикризни мерки. Во последниот деветти пакет во вредност 662 милиони евра од кои 492 милиони евра се предвидоа за поддршка на приватниот сектор, преку мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, конкурентноста, поддршка за инвестиции во обновливи извори, зачувување на работните места, поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ. Вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризните пакети се вратија назад кај граѓаните и стопанството“, рече Ковачевски, додавајќи дека и во време на криза, имаше континуиран пораст на платите.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK