Ковачевски: Овие избори нема да бидат помеѓу левицата и десницата, туку помеѓу Истокот и Западот

Ковачевски-Овие-избори-нема-да-бидат-помеѓу-левицата-и-десницата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Овие избори нема да бидат помеѓу левицата и деницата, туку ќе бидат избори помеѓу Западот и Истокот, вели премиерот Димитар Ковачевски.


Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски рече дека обично во светот на изборите се судираат политички партии од центарот и лево од центарот и политички партии центар и десно од центарот, но кај нас сега ќе има избори на кои ќе се соочат политички партии кои се за западна ориентација и за источна ориетнација на државата.

Ковачевски верува дека коалицијата на СДСМ ќе биде составена од сите партии кои, како што вели, денес се дел од оваа проевропска и прогресивна коалиција, а граѓаните многу јасно укажуваат преку анкетите дека се за европска интеграција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK