Казни за 162 возачи во Скопје

Казни-за-144-возачи-во-Скопје-47-возеле-над-дозволеното.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.


Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои 30 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за користење на мобилен телефон при управување.

Според МВР, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за безбедност во сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK