Кампањата „На секое дете му треба семејство“ со фокус на итни и специјализирани згрижувачки семејства

trenchevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани денеска ја претставија кампањата за згрижувачки семејства „На секое дете му треба семејство“, во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври”.







На територија на државата има 360 згрижувачки семејства во кои се згрижени 608 деца.

– Знам дека можеме да мобилизираме уште повеќе згрижувачки семејства за да обезбедиме топол дом за што повеќе деца без родителска грижа. По големиот успех на кампањата што ја спроведе Министерството за труд и социјална политика заедно со УНИЦЕФ во 2018 година и досегот на еден милион луѓе, денеска со задоволство ја најавувам новата комуникациска кампања за згрижувачки семејства, со фокус на итни и специјализирани згрижувачки семејства кои можат да обезбедат специјализирана грижа за деца под специфичен ризик. Ќе се стремиме оваа кампања да биде уште поуспешна од претходната, рече министерката Тренчевска.

Претставничката на УНИЦЕФ посочи дека сите истражувања покажуваат оти еден од најважните фактори за да се постигне раст и развој кај децата, е да има безбедна средина во којашто ќе има многу љубов и топла грижа. Сите истражувања, рече ДиЏовани, покажуваат дека најдоброто место да се оствари таквиот развој е во безбедно семејно опкружување на лик на семејство.

– Не сите ние успеваме да се најдеме, околностите не ни се такви да сме во безбедно и сигурно и топло опкружување и токму во таквите ситуации е многу важно згрижувањето во згрижувачките семејства. Морам да ја пофалам земјата затоа што навистина ги затвори сите големи институции за згрижување на деца, затоа што јасно е дека таквите институции не се во најдобар интерес за децата и дека не се идеално опкружување за нив, така што во овој случај се многу важни згрижувачките семејства, затоа што во оние случаи кога е неопходно, односно кога нема друг излез освен децата да се одвојат од биолошкото семејство, тоа е најбезбедната опција за нив, рече ДиЏовани.

На настанот, претставници на згрижувачки семејства разговараа со министерката за труд и социјална политика за предизвиците со кои се соочуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK