„ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“ – дефиле на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот

~ai-f0fd4bbf-c6c8-4f1a-8c4a-698abf5233ce_
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под мотото „ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“ утре (сабота, 13.05.2023) ќе се одржи дефиле на велосипедисти и мотоциклисти, на кое е најавено учество на преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти.







Дефилето за велосипедистите започнува во 11.00 часот и ќе стартува од велосипедската патека на кејот на реката Вардар кај хотел Holiday Inn, а мотоциклистите ќе тргнат од фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк во 11.30 часот. Двете групи ќе се сретнат на целната локација, на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Сите кои сакаат да дадат поддршка можат се приклучат на ова дефиле и да дадат личен придонес за подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите.

Дефилето кое ќе се одржи под мотото ,,ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ” е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“. Целта на настанот е зголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигнување на свеста за користење на заштитна опрема при вклучување во сообраќајот.

На учесниците кои први ќе пристигнат на почетните позиции, ќе им бидат доделени стартни пакети од страна на РСБСП. Како дополнителна поддршка на настанот, а во рамки на својата кампања за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот „ЈАС ВНИМАВАМ“, компанијата ОКТА ќе обезбеди велосипедски ѕвончиња, безбедносни велосипедски светла и заштитни кациги за учесниците во дефилето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK