Изутринава е сончево со мала до умерена облачност и дува слаб ветер од северозападен до северен правец.
Преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и тивко. Максималната температура ќе достигне 16 степени.