Центарот за управување со кризи извести дека утрово се појавил мал пожар на скопската депонија „Дрисла“.
Како што соопшти ЦУК, пожарот набргу по избувнувањето бил изгаснат од страна на БППЗ Скопје.
Претходно ЦУК информираше дека во државата нема активни пожари.