Изгаснат е пожарот во Ново Лисиче.
Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски, за „Макфкакс“ вели дека се запалила автомеханичарска работилница.
Пожарот е пријавен околу 12 часот и 40 минути. Веднаш е интервенирано со две возила и 7 пожарникари.
Опожарена е работилницата, а од огнот запалено е и едно патничко возило.
За среќа нема ниту жртви, ниту повредени.
Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.