Италијанскиот адмирал Џузепе Каво Драгоне во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне,  денеска престојува во еднодневна посета на државава во рамки на која во Министерството за одбрана и ГШ на Армијата ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Главни теми на средбата, како што е најавено, ќе бидат унапредувањето на билатералната воена соработка, соработката во мировните операции и безбедносни иницијативи, процесот на трансформација и опремувањето на Армијата, oбука и вежби, капацитетите на „АП Криволак“ и искуства од операциите предводени од НАТО.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK