Сончево со мала облачност, попладне на места нестабилно со повремен пороен дожд

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови, претежно во југоисточните делови, ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степена, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.







Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.

За време на викендот ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во недела во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. До средината на следната седмица, времето ќе биде променливо, локално нестабилно со дожд и грмежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK