Исто како и вчера: Скопје на 7мо место во светот според загаденоста, граѓаните дишат нездрав воздух

Исто-како-и-вчера-Скопје-на-7мо-место-во-светот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Скопје повторно се најде помеѓу топ 10 најзагадени градови во светот според  веб страна која го мери квалитетот на воздухот iqair.

Денес сме на 7-мото место исто како и вчера со екстремна загаденост на воздухот.

Во некои делови од градот загаденоста достигнуваше и до 750 мг/м3.

Според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 11 часот по локално време, воздухот во Скоје е „нездрав“ и не се препорачува претстој на отворено за лицата со чувствително  здравје.

 Најзагадени градови во светот утрово се Делхи во Индија, Лахоре во Пакистан, индиска Калкута, Шангај во Кина, Катманду во Непал, Мумбај во Индија, Карачи во Пакистан и кинескиот град Хангжу.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK