Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потврди уште една лага на Мицкоски, велат од СДСМ


sdsm-stab-6-Custom.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Истече рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите точки од Реформската агенда, велат од СДСМ.


„Уште едно ветување на Мицкоски останува не исполнето. Уште една лага на Мицкоски е разобличена, не се исполнети сите точки од Реформската агенда. Христијан Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да лаже. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард. Најмногу лажеше дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се загрозени. После две години власт на Мицкоски нивните лаги се разобличени. Мицкоски го нарече Преспанскиот договор ремек-дело на дипломатијата. Гордана Сиљановска призна дека македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени и апсолвирани. Тимчо Муцунски призна дека членството во НАТО е „феноменална работа“ која создава поволна клима за инвестиции“, велат од СДСМ.

Во меѓувреме, додаваат од партијата, странските директни инвестиции паднаа за над 60 проценти, економијата стагнира, нема зголемување на минималната плата на 600 евра, инфлацијата е повисока од европскиот просек, а граѓаните секој ден сè потешко врзуваат крај со крај.

„Не го вратија името. Не го укинаа Преспанскиот договор. Не обезбедија подобри услови. Не ги исполнија реформите за ЕУ. Наместо напредок, донесоа застој, изолација и разочарување“, велат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK