Има глобален недостиг од инсулинот „ризодег“, пациентите нека си побараат замена, советуваат од Министерството за здравство

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки, посочуваат од министерството.



„Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика. Потенцираме, сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија“, велат од Министерство за здравство.

Од Сојузот на Здруженија на Дијабетичари на Македонија велат дека имаат повторно недостиг на инсулин.

„Поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на Ryzodeg согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалисти – еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија. Воедно ја известуваме јавноста дека се појавува недостиг на терапија Ozeмpik i Rybelsus, дека побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, во моментов не мислислме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите, нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии“, соопштуваат од сојузот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK