Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

grcija-makedonija-epa-800x532.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова.


 

Од грчкото МНР велат дека и покрај тоа што во официјалниот текст на заклетвата што и’ беше диктирана, земјата се нарекува „Северна Македонија“, новата претседателка одлучи да ја нарече својата земја „Македонија“.

Со овој чин, велат од Министерството, грубо се крши Договорот од Преспа како и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски.

„Грчката влада, и покрај приговорите што ги искажа како противење при ратификацијата на договорот, го почитуваше како ратификуван меѓународен договор кој има предност над која било друга законска одредба. Грција, во овој контекст, категорично наведува дека натамошниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија, како и европскиот курс зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и пред се од употребата на уставното име на земјата“, се вели во реакцијата.

За време на давањето заклетва, грчката амбасадорка во земјава ја напушти пленарната сала во знак на протест, а грчкиот весник „Катимерини“ напиша дека тоа било под директива на грчкото Министерство за надворешни работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK