Градоначалникот на Штип му се пожали на техничкиот министер за труд: Две години молиме за вработувања во градинките, враќаме деца дома

Градоначалникот-на-Штип-му-се-пожали-на-техничкиот-министер-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







По две години игнорантски однос од Министерството за труд, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, денес се срестна со техничкиот министер за труд, Ѓоко Велковски, и му се пожали за неодобрените вработувања во градинките поради кои не можат да ги згрижат сите дечиња па морале некои од нив да вратат дома. Техничкиот министер Велковски најави дека веќе имаат решение на овој проблем, но побара неколку дена за да го соопшти.

„ Барањата за согласности не беа одобрени од страна на Министерството но не само барањата за согласности за пополнување на испразнетите места туку и можноста за добивање лиценци за воспитувачи и негуватели беше ускратена како право и практично бевме дискриминирани на штета на младите генерации на дечињата. Повеќе од 60 места кои се испразнети по основ на пензионирање побаравме во изминативе две години да бидат пополнети за да може да не биде доведен во прашање воспитно – згрижувачкиот процес. Две години молевме буквално за најмалдите да го имаат основното право за воспитно згрижувачки процес. Навистина се срамам што живеам во ваква држава во која се молиме за да функционираме согласно закон“, рече градоначалникот Јорданов.

Тој нагласи дека поради проблемите со вработувањата постојано се зголемува листата на дечиња кои чекаат да бидат згрижени во градинка.

Техничкиот министер за труд е оптимист и вели дека во скоро време е можно решение на проблемот.

„Ќе дадеме решение многу брзо. Веќе имаме некој модел на решение со кое ќе се откочи целата оваа работа и да можат оние луѓе кои што поднеле да се стекнат со лиценци но оставете ни простор уште некој ден да го обзнаниме решението на овој проблем“, рече техничкиот министер за труд Велковски.

Тој потврди дека комуникацијата на Министерството со Општината и со градинките одела многу споро и речиси ја немало, а за неодобрените вработувања на место на пензионираните, Велковски рече дека се резултат на несоодветно планирање.

„За жал мора да констатирам дека Министерството за труд и социјална политика во изминатиот период не ги планирале доволно добро ресурсите за замена на овие лица кои заминале по пат на пензионирање или по пат на нивно заминување. Не давале согласност односно не ги пополнувале местата и истите останале празни. Денеска градоначалникот кажа дека дечињата за жал дури се враќаат дома, не се вклучени во образовните групи“, рече техничкиот министер Велковски.

За лиценцирање, според техничкиот министер, чекаат над 900 лица кои поднеле барања во 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Најави дека и овој процес ќе продолжи иако стоел поради тоа што никој не се погрижил да одбере фирма која ќе го врши лиценцирањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK