Гир: Загрижува означувањето со европско знаме на закони кои не се дел од усогласување со легислативата на ЕУ

gir
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Системот на европско знаменце се користи кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во одговор на новинарско прашање, по одбележување на почнувањето на проектот „Поддршка за реформите во шумарството во  Македонија“.







Според Гир, европското знаменце постои бидејќи на патот кон ЕУ,Македонија, но и другите држави, треба да усвојат повеќе делови од законодавството, за што е потребно многу време во Парламентот.

-Ќе бидат потребни децении доколку се усвојат сите делови од законодавството, ако процесот се одвива во нормални услови. Затоа го имаме европското знаменце. Европското знаменце може да го користите кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ.  Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, рече Гир.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK