(Фото) Општина Битола: Три училишта добиваат типски училишни спортски сали


izgradba-sportska-sala-bitola-1-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот денеска направија увид на градежните работи за изградба на типска училишна спортска сала во дворот на ОУ „Стив Наумов“ Битола.


„Фискултурна сала ќе биде на површина од 650 м2, а ќе биде наменета за спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг понг и други спортови поврзани со училишното образование.

Објектот ќе има две секции, едната за помошни простории ( соблекувална, канцеларија и тоалети), а другата секција е фискултурна сала со димензии 15 на 30 метри и висина 7,6 метри“, известува Општина Битола.

„Вкупната вредност на проектот е 48.297.406 денари и се средства од вториот владин повик преку Министерството за образование и наука, а дел од нив од буџетот на Општина Битола.

Забавување на динамиката за изградба имаше заради потребата од измени и дополнување на проектот заради усогласеност на фазата термотехника и задоволување на параметрите за енергетска ефикасност.

Освен ова училиште, вакви типски училишни сали ќе добијат и ОУ „Тодор Ангелевски“ и подрачното училиште „Даме Груев“ во Долно Оризари“, се додава во соопштението на Општина Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK