87-годишник снимен како вози во обратна насока на „Партизанска“, полицијата веднаш реагираше


skopje.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот кој беше снимен како управува автомобил во спротивна насока на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје е лишен од слобода, откако видеоснимката од опасното возење беше објавена на социјалните мрежи.


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Карпош постапиле по објавената снимка и утврдиле дека станува збор за И. Г. (87) од Скопје.

Полицијата презела мерки против возачот по документирањето на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK