На последниот работен ден од годинава, Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за кратење на средствата за покривање на операции на кардиоваскуларните заболување за приватните болници.
Во образложението на оваа одлука пишува дека кардиоваскуларните заболувања се најчестите заболувања во Македонија, а за нивен третман се трошат огромни средства. Од Фондот велат дека голем дел од овие операции можат да се изведуваат во државната Клиника за кардиохирургија, па најголемиот дел од парите за кои ФЗО ги покрива трошоците ќе одат на сметката на јавната здравствена установа Универзитетската клиника за државна кардиохирургија и кардиологија. Намален е бројот на покриени операции за приватните здравствени уставнови, клиничките болници Систина – Аџибадем и Жан Митрев.
Во одлуката пишува дека за овие операции се користат скапи материјали за вградување (стентови, валвули…), како и скап потрошен материјал за извршување на интервенциите (катетери, водичи на жици…). Па затоа неопходно било да се дефинира максималниот број на овие процедури и здравствени установи каде што ќе може да се изведуваат процедурите.
Продолжете со читање на мкд.мк