По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, од „Вреди“, како што велат, изразуваат благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес.
„Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност.
Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се заблагодаруваме за соработката и придонесот што го даде во овој период.
На г. Фетаи му посакуваме добро здравје, успех и сѐ најдобро во иднина“, велат од оваа партија по оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.