Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, амбасадорката Анџела Агелер и други американски дипломати денеска преку видео порака упатија честитка по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај.
– Честит Ден на македонскиот јазик! Дали знаете дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје? По повод овој ден, ги замоливме нашите колеги и волонтерите на Мировниот корпус на САД да кажат неколку македонски поговорки по нивен избор. Еве што избраа, пишува во пораката објавена на ФБ на Амбасадата на САД.