ЕОС Матрикс Македонија со нови алатки базирани на вештачка интелигенција ја подигнува ИТ безбедноста на финансиските услуги

FOTO_EOS Matriks_Bezbednost na podatoci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високата заштита на податоците, подигнување на ИТ безбедноста и употреба на нови иновативни алатки, кои се базираат на вештачка интелигенција, остануваат врвен приоритет на ЕОС Матрикс Македонија. “ogGPT” е новата алатка за генеративна вештачка интелигенција, која покрај другите придобивки, на корисниците им нуди висока заштита на безбедноста на податоците.

Алатката “ogGPT” е креирана од Групацијата ЕОС што и дава дополнителна вредност. Станува збор за уникатно решение кое ќе го користат вработените, а е прилагодено на услугите што ги нуди групацијата и на специфичните потреби на корисниците на овие услуги. Дополнително, алатката овозможува да се исполнат построгите правила за заштита на податоците кои важат за ваков тип на компании. Оваа алатка ЕОС Матрикс Македонија ќе ја користи и на македонскиот пазар, со што се подигнува и квалитетот и безбедноста на услугата, како и ефикасноста и иновативната сила на компанијата.


ЕОС Матрикс Македонија како финансиски инвеститор со голема меѓународна експертиза, продолжува да развива две нови алатки на нашиот пазар, кои дополнително ќе ја подигнат финансиската ИТ безбедност и ќе ја збогатат понудата на нови иновативни алатки, клучно во ерата на брза дигитализација.

„Брзиот технолошки развој и процесот на дигитализација отвораат нови предизвици. Токму безбедноста на податоците и валидноста на процесите се главните меѓу нив, на кои ќе мораме многу брзо да одговориме. Ова е особено значајно за финансискиот сектор, каде ризиците се многу повисоки од оние во другите сектори. Токму затоа ние ги пресретнуваме овие предизвици и не само што креираме сопствени алатки кои користат вештачка интелигенција, туку и ја зголемивме безбедноста на сите наши услуги, што е огромна придобивка за нашите клиенти. Покрај високата ИТ безбедност, овие алатки овозможуваат и подобар увид и подобро планирање. Нашата голема експертиза во финансискиот сектор ќе продолжиме да ја користиме за унапредување на нашето работење, но и за развој на целокупниот финансиски сектор“ истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Матрикс Македонија и Косово.

Ова не е прв чекор во насока на зајакнување на ИТ финансиската и сајбер безбедност. ЕОС Матрикс Македонија е единствена компанија во финансискиот сектор, која го имплементираше меѓународниот стандард ISO 27701:2019 и работи согласно високите принципи на заштита што ги гарантира овој стандард. Сертификацијата ја изврши реномираната консултантска куќа за информациска безбедност CIS – Certification & Information Security Services GmbH, која поседува глобално искуство во оваа област. Покрај големата безбедност, овој стандард овозможува и проценка на ризиците и поголеми контроли.

ЕОС Матрикс Македонија нуди иновативни технолошки решенија кои ја збогатуваат понудата на финансискиот пазар, подобрувајќи ја можноста за развој на корпоративниот сектор и за зголемување на неговата конкурентност. Покрај тоа, компанијата работи и на креирање на решенија за намалување на корпоративната инсолвентност согласно последните препораки на Европската унија во оваа област, која предвидува креирање на решенија што ќе овозможат реорганизација и рестартирање, наместо стечај или ликвидација на компаниите. Компанијата е дел од „ЕОС Груп“, која е присутна на пазарите во повеќе од 20 земји, а вработува 6.000 лица ширум Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK