Елези: Стравот на ОБСЕ за изборни нерегуларности се вика Бујар Османи

925282af-8bdc-4bc7-9293-a12541ed9f96.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Канцеларијата на ОБСЕ-ОДИХР, поради стравот од изборни нерегуларности на наредните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија, одлучи овој изборен процес да го надгледува со 24 долготрајни и 300 краткотрајни набљудувачи, кажа денеска на прес-конференција Aмир Елези, потпретседател на Алтернатива.


Според него, ваквото присуство на ОБСЕ-ОДИХР на изборите е знак дека оваа земја има реален потенцијал за нерегуларности во изборниот процес, факт кој зборува многу лошо за демократските стандарди на Северна Македонија. Само за споредба, ваква квалификација за изборниот процес немало од 90-тите години на минатиот век.

„Ова е причината да поставиме прашање која била улогата на Бујар Османи во претседавњето со ОБСЕ и какви извештаи и информации има дадено за ОБСЕ да ја оценува Северна Македонија како земја со кревка демократија? За жал, насто тој да се чувствува одговорен за оваа ситуација, тој го прави спротивното – се жали на ваквиот извештај на ОБСЕ-ОДИХР заборавајќи притоа дека тој е министер за надворешни работи и беше претседавач на OБСЕ во минатата година. Ако оваа ситуација е за плачење, тогаш виновникот е токму Бујар Османи. Затоа што тој беше актерот кој директно влијаеше на овој пристап што ОБСЕ го има кон земјата. Затоа, Бујар османи е должен да објасни зошто е ваквата оценка на ОБСЕ, и, второ – исто така многу важно – врз основа на какви анализи и аргументи Бујар Османи во 2023 година оценил дека изборите во Северна Македонија можат да предизвикат дестабилизација? Кој му ги дал овие информации и зошто тој не ги споделил на транспарентен начин со јавноста досега? Ова неминовно го наметнува прашањето дали ДУИ спрема терен за да предизвика постизборна политичка криза, за да може техничката влада на Талат Џафери да си го продолжи својот технички живот?“, изјави Елези.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK