Џафери во Теарце: Вложувањето во општините обезбедува локален развој и иднина за граѓаните

25032024_PVRSM_2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери,  беше во работна посета на Општина Теaрцe, каде се сретна со градоначалникот и советниците во Општината. Беше и во посета на ООУ „Асдрени” во село Глоѓи а изврши и увид на реконструираниот локален пат во селото.

Во разговор со локалните власти, премиерот Џафери истакна дека со подобрување на инфраструктурата на целата територија на државата, Владата покажува дека сите граѓани, без разлика во кој дел од државата живеат, се подеднакво важни и дека Владата токму со проекти и инвестиции ја покажува грижата кон општините и за приоритетните потреби на граѓаните од локалните заедници.

Реконструкцијата на училишниот објект во ООУ „Асдрени” во с. Глоѓи, што исто така го посети денес премиерот, е завршена во декември 2023 година. Реконструкцијата опфатила поставување на термо-изолациона фасада, реновирање на спортската сала и поправки на оштетените подови, со што им се овозможи на учениците да ја следат наставата во одлични услови.

Претседателот на Владата, Џафери, направи увид и на локалниот пат во селото Глоѓи, со кој се подобрува функционирањето на ова место. Тој истакна дека реконструкцијата на локалниот пат во село Глоѓи е само една од десетиците инвестициски проекти на локалните власти во земјава, кои ја имаат целосната поддршка на Владата низ повеќе различни програми.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK