Џафери: Оставки од утре, нема пречка ВМРО-ДПМНЕ да не биде во техничката влада

Џафери-Оставки-од-утре-нема-пречка-ВМРО-ДПМНЕ-да-не-биде.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Имајќи ја предвид специфичноста на избор на техничка влада како продукт на Пржинскиот договор, секако роковите се скратени од редовните за постапување во вакви ситуации, кажа денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.


Тој истакна дека во претходна координација и во согласност со премиерот се определени рамковните рокови.

„Договоривме дека од утре настапуваат роковите за поднесување оставки и за отворање на пат за одржување на седница за констатирање на оставките, известување на претседателот на државата дека Владата е во оставка и со тоа на првата наредна седница која е закажана за 26 овој месец се отвораат постапките и процедурите за да може да се влезе за новиот претседател на Собранието и да настапи обврска за поднесување предлог за мандатар до претседателот на државата, добивање мандат и организација на две последователни седници за избор на влада, избори на заменици и дополнителни заменици министри.

Ова ќе почне утре со оставките, ќе продолжи на 26 со избор на претседател на Собранието, доделување на мандати од страна на претседателот на државата, поднесување предлог програма и предлог состав на Владата на 27 до Собранието и со тоа се отвора пат да се свика нова седница за 28 на којашто би се избрала техничка влада, би се констатирал престанок на мандат на пратеникот, да се извести ДИК за престанок на пратенички мандат, врз основа на тој извештај и надлежноста на техничкиот премиер до Собранието да се достави предлог за заменици и дополнителни заменици министри. Со тоа би се отворил патот за нова седница за 28 исто така за верификација на пратеникот којшто треба да дојде и за избор на заменици и дополнителни заменици министри. Двете седници треба да завршат на 28. Составот на Владата треба да е целосен за да може да стапи во функција сто дена пред парламентарните избори“, изјави Џафери и додаде дека Владата ќе биде во склад на Уставот и Законот.

СДСМ ги соопшти кадровските решенија за техничката влада, се очекува ВМРО-ДПМНЕ тоа да го стори вечерва.

За евентуални кадровски промени на министерските и заменичките места на ДУИ и Алијанса за Албанците, Џафери кажа дека тоа е надлежност на партиските органи коишто имаат право да учествуваат во таа влада. Тој кажа дека нема причина да коментира ничија одлука и додаде дека тоа не е работа со која тој е оптоварен.

Во однос на тоа дали во составот на техничката влада ќе има министри од ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека ако има предлози од нив, ќе бидат.

„Нема пречка да не бидат, таков е Законот“, додаде Џафери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK