Џафери на боќикно честитање кај г.г. Стефан

Џафери-на-боќикно-честитање-кај-гг-Стефан.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска традиционално беше во посета на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан, за да му ги честита Божиќните празници и неговиот именден – празникот на Св. Првомаченик Стефан.


Џафери му посака на г.г. Стефан, како првиот на православната верска заедница добро здравје и благосостојба, успех, мудрост и верба во исполнувањето на високата духовна мисија, давајќи го својот придонес во градењето на сигурната иднина за младите генерации, и за напредокот.

За време на средбата се сретна и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, како и со дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK