Антонио Милошоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ рече дека на седницата на Извршниот комитет која е во тек, се донесени три заклучоци поврзани со предложените владини уставни измени во Собранието во однос на актуелната политичка состојба.
„Првиот заклучок беше поддршка и благодарност од страна на извршниот комитет за сплотеноста на пратеничката група и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМЕ кои покажаа дека ја почитуваат волјата на народот и се против вакви наметнати уставни измени под диктат од официјална Софија. Втората тема е апел и барање до претсавникот на Собранието да не го злоупотребува деловникот, тој е таму на таа позиција за да овозможи да се носат одлуки без разлика дали тие и се допаѓаат или не на власта. Тоа што Ковачевски и Ахмети се разочарани што немаат едвај 70 пратеници, не значи дека на другите пратеници не треба да им се дозволи да гласаат и да се види дека оваа иницијатива е пропаднат проект на СДСМ и ДУИ“, посочи Милошоски.
Третитот заклучок на ИК е дека сегашната власт е делегимирана, а решенито се предвремени парламентарни избори.
„Не нудат решенија создаваат проблеми, излезот е предвремени парламентарни избори во текот на оваа година. Тоа би требало да се договори со консенуз. Ќе продолжиме и во Собранието со сите демократкси алатки да се трудиме да предизвикаме предвремени парламентарни избори“, реше Милошоски.
Седницата доага непосредно по собраниска седница за уставните измени, на која не се гласаше за потребата за отворање на Уставот