Двете години мандат на Ковачевски се изгубени за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со-години-Палевски-е-во-етерот-ширејќи-говор-на-омраза.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двете години мандат на Димитар Ковачевски се целосно изгубени години за Македонија и за граѓаните. Неговото заминување од позицијата кај што беше октроиран, е почетокот на крајот на владеењето на СДС и нивниот газда ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Овие две години беа години на порази и неуспеси. Два километри автопат не успеаа да завршат кон Блаце, а автопатот од Кичево кон Охрид заврши само со “Стани Благој да те види сала“. Целиот мандат на Ковачевски беше обична фасада и гол пи-ар без суштина. Оваа фасада не успеа да го покрие фијаското со правосудството кое се распаѓа со доверба од едвај 2%. Од сите страни кипе криминал и корупција, а на врвот на оваа пирамида се наоѓаат функционерите на ДУИ и СДС. Впрочем за сеприсутната корупција нотираше и последниот извештај на ЕК, кој е убедливо најлошиот кој го добила Македонија. Листата на скандали на оваа власт нема крај, “Канцер Мафија на Онкологија“, “Лoтарија+Груби“, стотици милиони евра за коридори кои немаат ни лопата асфалт ставено, протести на пензионери за прв пат во историјата, убедливо најлош раст на БДП во регионот, мафијашки пресметки среде град, недостаток на учебници за учениците, штрајкови на здравствените работници, вработените во судовите, во администрацијата, рекордна инфлација која е двојно поголема од европскиот просек и што ли уште не.

Според нив, сето ова покажува дека во Македонија со Ковачевски никогаш не било полошо.

„Затоа важно е, СДС, ДУИ и Ковачевски да ги поразиме“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK