Има вистини што болат, но мора да бидат кажани. Повеќе од 20 години на Албанците им се кажуваше само едната страна од Охридскиот договор, вели Бесар Дурмиши од „Вреди“.
Денес, како што рече, на виделина излегува и другата страна.
„Гзим Острени, еден од клучните актери во настаните од 2001 година, јавно кажа дека, додека Али Ахмети ја водел политичката игра, албанскиот јазик останал надвор од Уставот и бил сведен на понижувачката формулација од 20 проценти.
Уште потешко е што самиот Острени мислел дека станува збор за албанскиот јазик. Дури многу години подоцна сфатил дека во Уставот не пишува „албански јазик“, туку „јазик што го зборува заедница која сочинува повеќе од 20 проценти од населението“.
Според Острени, тогашното барање било Македонија да се дефинира како албанско-македонска држава. На крајот, нашиот јазик остана без своето име, скриен зад проценти“.
Ние, додава Дурмиши, како нова политичка генерација, немаме обврска да ги чуваме митовите на кого било. Имаме обврска на Албанците да им ја кажеме вистината и да побараме одговорност за одлуките донесени во нивно име.
„Затоа, Али Ахмети им должи одговор на Албанците,
Што го натера од барањето за албанско-македонска држава да заврши со прифаќање албанскиот јазик да не биде наведен во Уставот со своето име?
Во сите овие години, Али Ахмети на Албанците им ја продаваше само својата верзија на Охридскиот договор.
Секогаш кога ДУИ ќе беше притисната поради корупција, неуспеси или политички пазарења на штета на Албанците, Али Ахмети излегуваше пред нив повикувајќи се на Охридскиот договор. Го користеше како штит за сè што направи, но и за многу работи што не ги направи. Тоа продолжува да го прави и ден-денес“.
Охридскиот договор као што рече, не е тапија на ДУИ, ниту лична сопственост на Али Ахмети. „Тој е резултат на жртвата на еден цел народ.
Затоа се поставува и второто прашање,
Ако Али Ахмети правел компромиси со албанскиот јазик, што друго им премолчил на Албанците?
Почитувани,
За разлика од ДУИ, ние не го користиме Охридскиот договор за самофалење, туку работиме на негово унапредување. За првпат по 25 години, правичната и соодветна застапеност ја претвораме од уставен принцип во закон, додека децентрализацијата ја враќаме таму каде што ѝ е местото, меѓу главните приоритети.
Тоа се два столба на Охридскиот договор кои повеќе од две децении останаа недовршени и, како што изгледа, беа жртвувани во политичките компромиси и пазарења на Али Ахмети“.
Колку и да е болна вистината, Дурмиши оценува дека таа мора да се каже.
„Особено по толку години во кои многу се зборуваше во името на Албанците, а зад нивниот грб се правеа политички компромиси на нивна штета“.