Нашата политичка заложба како партија и како Влада која ја предводиме е директно во корелација со семејните вредности, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако од ЛДП го оценија како срамен, скандалозен и без ронка емпатија настапот на министерката за образование пред првачињата.
“Во однос на коментарите на политичката партија ЛДП за изјавата на министерката Јаневска, сакаме да ги потсетиме дека во 2009 година, поранешниот претседател на ЛДП, а сегашен член на ИО на СДС, со иницијатива пред Уставниот суд го сруши првиот Закон за додаток за трето и четврто родено дете“, истакнуваат од партијата на Мицкоски.