Дневница на странските експерти на Кардиохирургија не е 700 евра, како што вели Демири, туку не повеќе од 150-200 евра, уверува Шокаровски

demiri-shokarovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Странските експерти ангажирани за помош и надгледување на работата на Клиниката за кардиохирургија, државата не ги плаќа 700 евра дневно, како што во понеделникот кажа министерот за здравство Илир Демири туку не повеќе од 200 евра. Разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски вели дека нема вистина ниту во сомнежот на министерот дека странските експерти немаат лиценци за работа.


„Таа програма е во склоп на Владата. Јас немам конкретни информации за колкави дневници се работи., но не се повеќе од 150-200 евра. Ние сме во секојдневни контакти не само со колеги од Србија туку и од Хрватска. Сите тие колеги кои доаѓаат кај нас апсолутно имаат лиценци, тоа е лесно проверливо во Лекарската комора“, рече разрешениот директор Шотаровски.

Во понеделникот министерот за здравство го разреши Шотаровски од функцијата директор во пакет со Александар Ефтимова која раководи со проектот за превенција на кардиоваскуларни заболувања како и целата комисија оти не му дале извештај на кои странски експерти и за што им се плаќани дневници од 700 евра за учество во работата на Клиниката. Министерот Демири рече дека не треба да се дозволи да има зголемена смртност во услови кога Клиниката плаќа толку многу експерти.

Сите податоци кои во понеделникот ги изнесе министерот, Шокаровски, заедно го многумина вработени на Клиниката, денес ги демантираше. Ја организирале прес- конференцијата денес оти до вчера Шокаровски бил на боледување.

„ Јас вчера бев на боледување. Имам лумбоишијалгија, денес сум овде под терапија. И ние докторите имаме право некогаш да се разболиме и да не ни биде добро“, рече Шокаровски.

За него и многумина од вработените на Клиниката, обвинувањата за зголемена смртност не се точни оти не само што смртноста не е зголемена туку бележи и тренд на намалување во последните месеци. Разрешувањата ги сметаат за незаконски оти ги направил министер во техничка Влада без мандат за разрешувања. Обвинувањето за фантомски 170 пациенти за кои нема умреници ниту пак отпусни писма, според разрешениот директор и многумина вработени, се реални пациенти уредно внесени во нивниот интерен систем со уредна документација, но поради техничка грешка која се провлекува со години на Клиниката некои не се внесени во системот „Мој термин“ кој не го сметаат за задолжителен.

Шокаровски и вработените сметаат дека обвинувањата се обид за оркетриран напад и хајка против Клиниката во кои учествува и министерот, а имаат цел да ја уништат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK