Почитувани,
Денес на денот на антифашистичката борба 9 Мај 2022, НовАсном со загриженост ги следи општествените текови во кои возвишувањето на нацистичките соработници е норма а запоставување на борците на анти фашизмот е тренд.
Денеска, балистот и нацистички соработник Џемо Хаса си има име на улица во Гостивар и биста во с. Симница. Целата оваа глорификација на нацистичките соработници е покрената од домашната проевропска политичка т.н. елита која не води сметка за нашето болно минато и одобри овој докажан соработник на нацизмот, да има свој белег во општествениот живот во Македонија.
Никој од нашите борци и идеолози, кои се бореа и загинаа за АСНОМ-ска Македонија, не се бореа за да овој нацистички соработник има свое обележје во нашата татковина, во Македонија. Под закрилата на светла Европска перспектива и немање алтернативна визија за иднината на Македонија, актуелните домашни политичари со сета своја сила се обидуваат административно да го избришат македонскиот народ, со тоа што преговараат за алтернативен идентитет преку историската комисија, а сето ова под покровителство на Европската Унија.
Предлагаме со закон да се забрани глорификацијата на нацистичките соработници и употребата на нивните симболи.
Од друга страна, по многу нешта овие времиња наликуваат како оние од пред 1944 година, времиња кога македонскиот народ немаше своја држава, кога сонот за самостојна Република Македонија беше сеприсутен и желбата да се живее слободно очигледна. Победата над фашизмот е наш светол симбол и потврда дека ова актуелно политичко лудило , неприфатено од македонскиот народ, што се потврди и со референдумот на 30 Септември 2018 година, може повторно да се победи со сплотеност, одлучност, знаење и посветеност.
Наша цел е повторно да бидеме победници и затоа ни е потребен НовАсном, за да изградиме нова иднина, нова држава, да изградиме правно општество каде што секој човек ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина