Демократско движење: Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата

Демократско-движење-Половина-сендвич-за-студентите-за-министрите-над-2000.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Младината на Демократското Движење, денес пред Министерството на образование и наука на протест против промените во Законот за субвенциониран оброк на студентите.


Министерството за Образование и Наука и Влада ни го ограничува користењето на истото, преку диктат како во времето на комунизмот, и контуинирано не срамат и играат со нашата интелегенција, реагираат младите од Демократското движење.

„Ние, студентите, до крајност сме иритирани затоа што покрај малиот субвенциониран оброк, со кој можеме да си дозволиме само пола бургер во специјалните локали за храна, Владата сега ни го ограничува и неговото користење, така што, ова го оценуваме како срамно однесување кон нас, идните академски граѓани.
Со одлука на Министерството на Образование и Наука од оваа учебна година, на тие малкумина студенти кои ја добиваат оваа субвенција, им се наметнува обврската, овие средства да ги трошат со диктат, од понеделник до сабота, и тоа 140 денари во ден, во специјални места за храна и без право на повлекување на готови средства.
Ова го оценуваме како срамен чин бидејќи после скандалот на покачување на нивните плати, министерот за образование добива преку 120 илјади денари месечно, или преку 6.000 денари дневен надоместок, додека на нас студентите и тие 140 денари кои ни ги доделува државата како за милост, не спречува да ги трошиме каде сакаме и на што сакаме.
Бараме субвенционираниот оброк да се покачи на 300 денари, без рестрикции како истите ќе се потрошат, или 6.000 денари месечно, толку колку што министрите добиваат за еден работен ден“, велат од оваа партија.

„Ако Министерството за образование и наука имало средства да плати толку скапа апликација да не контролира како ние го трошиме дневниот оброк, тогаш нека најдат средства со ребаланс на буџетот и да ни понудат студентски оброк во вредност од 300 денари на ден, за сите студенти без селектирање и да ги тргнат прстите од нашата скромна чинија“, велат младите од Демократското движење.

Апелираат владините мерки да ги мотивираат студентите да останат во државата, и да не одобруваат мерки кои ги поттикнуваат младите да си заминуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK