Демократскиот сојуз: Да се суспендираат партиските директори на М-НАВ

Демократски-сојуз-повика-избирачкиот-список-навреме-да-се-прочисти-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Демократскиот сојуз бара да се суспендираат партиските директори на М-НАВ, откако претходно денес дојде до упад во контролата на летање и физички напад врз контролори.

Од партијата велат дека за да се спречат можни катастрофални последици, неопохдно е Владата да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените.

До МВР апелираат да се преземат итни мерки против оние кои упаднаа во објектот, но и оние кои го организирале упадот и нападот на контролорите на летање.

Неколку лица денес упаднаа во објектот на М-НАВ, пришто нападнаа тројца вработени. Меѓу напаѓачите имало и вработен во контролата за летање, објави МВР.

Претседателот на Синдикатот на контроли на летање, Александар Тасевски, објави дека напаѓачите кои упаднале во зградата не биле спречени од обезбедувањето и предупреди дека вакви инциденти можат да ја загрозат безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски.

Претходно денес беше соопштено дека до 30 оставки ќе бидат поднесени од вработени во М-НАВ поради наместени конкурси и партиски вработувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK