Демократски сојуз: Класична амнестија на функционерите на СДСМ и ДУИ за криминалот што го правеа минатите седум години

Демократски сојуз: Минимална пензија – 300 евра
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократскиот сојуз укажува дека измените на Кривичниот законик, со кој се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружение, претставува брутален напад на владеење на правото и правдата и класична амнестија на функционерите на СДСМ и ДУИ за криминалот што го правеа изминатите седум години.


„Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да не ги гласаат предложените измени, со целосен бојкот на седницата. Ги повикуваме новинарите, невладиниот сектор, експертите и граѓаните гласно да се спротивстават на овој криминален акт кој треба да го верифицираат пратениците на СДСМ и на ДУИ.

Во Парламентот се злоупотребува европското знаме и се врши силен притисок над пратениците по секоја цена овие промени да се изгласаат за неполни 24 часа“, велат од ДС.

„Вакви крупни промени на Кривичниот законик мораат да поминат низ јавна и експертска расправа.

Во Македонија на сцена е политичката мафија, треба да ја спречиме со граѓански отпор.

Сите треба да бидеме свесни дека се рушат темелите на државата, затоа имаме обврска да го спречиме тоа“, се додава во соопштението на ДС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK