Британската амбасада во Скопје ги пречека гостите на настанот за прикажување на Крунисувањето на нивните величества кралот Чарлс Трети и кралицата Камила

krunisuvanje_23444342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Британската амбасада во Скопје ги пречека гостите во Британската резиденција на настанот за прикажување на Крунисувањето на нивните величества кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, историски настан за Обединетото Кралство и Комонвелтот.







Крунисувањето на нивните величества кралот и кралицата, се наведува во соопштението од Британската амбасада во Скопје, се одржа во Вестминстерската опатија, Лондон, под раководство на надбискупот од Кентербери.

Британскиот амбасадор Метју Лосон им посакал добредојде на владини функционери, британски државјани, млади, граѓанско општество и екологисти од Северна Македонија, кои дошле да го гледаат крунисувањето кое го одразува модерното, разновидно, повеќеверско Обединетото Кралство и кое ги промовираше темите на младите, заедницата, различноста и одржливоста.

– Прославувајќи 30 години билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија оваа година, би сакале да им се заблагодариме на нашите блиски пријатели, партнери и сојузници во Северна Македонија за нивниот придонес во тековните силни односи воспоставени меѓу нашите земји, стои во соопштението од Британската амбасада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK