Брачните кризи во Македонија почнуваат меѓу петтата и деветтата година: Додека бројот на свадби опаѓа, разводите рушат рекорди


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на 2025 година во државата се склучени вкупно 10.507 бракови, што претставува намалување за 5,1 отсто во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Наспроти ова, статистиката бележи нагорен тренд кај прекините на брачните заедници, односно во 2025 година се регистрирани вкупно 2.185 разведени бракови, што е за 8,0 проценти повеќе во однос на 2024 година.


Според официјалните податоци, соодносот покажува дека на секои 1.000 склучени бракови во земјава доаѓаат точно 208,0 разводи.

Анализирано по месеци, граѓаните најчесто ја избирале летната сезона за правење свадби, па така најголем број бракови, односно 1.362 или 13,0 отсто од вкупната бројка, се склучени во месец август. Од друга страна, најмалку економски и социјални преференции за оваа цел имало во март, кога се евидентирани само 473 бракови, што претставува 4,5 проценти. Во однос на редоследот, доминантни се првите бракови со учество од 92,8 отсто кај жените и 92,1 отсто кај мажите, додека во втор и во трет брак почесто стапуваат мажите, каде нивното учество изнесува 7,1 отсто за вториот и 0,8 проценти за третиот брак.

Податоците на Државниот завод за статистика ја потврдуваат и разликата во возраста при првото соочување со матичар, каде што просечната возраст за невестата изнесува 27,5 години, додека за младоженецот таа граница е 30,2 години. Гледано по старосни групи, најголема динамика има во периодот од 25 до 29 години, каде што се евидентирани 3.448 или 32,8 отсто кај жените и 3.750 или 35,7 отсто кај мажите.

Кога станува збор за разводите, критичната возраст за прекин на брачната заедница кај двата пола е во старосната група од 35 до 39 години, каде се регистрирани 400 или 18,3 проценти кај жените и 381 или 17,4 проценти кај мажите. Во однос на долговечноста на заедницата, статистичката анализа покажува дека браковите најчесто се распаѓаат во периодот од петтата до деветтата година по нивното склучување, категорија во која се евидентирани 478 или 21,9 отсто од вкупниот број на разводи во текот на годината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK