„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има, идната влада треба да одлучува по тоа прашање. Купувањето на опрема за АРМ е работа која СДС и ДУИ имаа 7 години да ја прават, а не на два месеци пред избори да трошат 250 милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.



„Набавката на хеликоптерите е процес за кој треба да одлучува новата влада по изборите, а не истрошената влада на СДС и ДУИ кои немаат план за државата.

Власта не кажува како се одбрани токму тие хеликоптери и зошто транспортни, а не борбени?

За набавка на опрема за АРМ треба да има јасна постапка за потребите и долгорочните цели.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ вистински ќе вложува во Армијата, а не како СДС и ДУИ 7 години.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK