Кандидатот за претседател, Бујар Османи на ФБ ја прозва професорката Гордана Силјановска Давкова и ѝ порача дека барањето за 61 пратеник е „шовинистичко“.
„Едно потсетување до Г-ѓа. Гордана Сиљановска – Давкова и ВМРО-ДПМНЕ на чл. 137 од кривичниот законик.
Барањето 61 пратеник за да се исклучат албанците, турците, бошњаците, ромите и останатите заедници од одлучувањето е шовинистичко и етноцентрично барање спротивно на основните начела на соживотот и мултиетничниот карактер на оваа држава и оттука барам во име на сите заедници и граѓани да се прекине со говорот на исклучување и омраза како и реториката која води кон изолација и тензии.
Граѓаните се уморни од лажниот патриотизам кој што ги приморува да земаат бугарски пасоши и да ја напуштаат државата.
Членство во Европската Унија за 5 години, соживотот, добрососедските односи и европскиот животен стандард е тоа што граѓаните очекуваат од нас и се заложувам пред секој еден од нив дека целото мое искуство, знаење и контакти низ светот ќе ги вложам за да ги постигнам овие цели“, напиша Османи на ФБ.
Силјановска Давкова, пак, му одговори на Твитер.
„61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ, кои се спремни да продадат се, за да си ја зачуваат фотелјата и да продолжат да уценуваат, мислејќи дека така ќе се спасат од одговорност за криминалот и штетата што и ја нанесоа на државата“ напиша таа на Твитер.
Бујар Османи (@Bujar_O) 61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ @BDI_DUI, … pic.twitter.com/snVmhm6p5u
— Гордана Силјановска Давкова (@gogamkd) April 13, 2024