На 25 март 1905 година околу 300 грчки андарти го запалиле селото Загоричани, а населението го масакрирале. Убиле 60 селани, имало многумина ранети и биле запалени повеќе куќи. Масакрот го организирал костурскиот митрополит Германос Каравангелис.
„О, Боже! Перото е бессилно да ги опише ужасите, злосторствата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до петици. Тие извршија ужаси нечуени досега во светската историја на човештвото. Почнаа да ги кршат вратите и да влегуваат во куќите, да убиваат и да собираат сè што ќе се испречеше пред нивните крвожедни очи. Без причина убиваа мажи, жени и деца и домашни животни. Во тие критични часови голем беше лелекот по целото село!
Беспомошното население, обземено од паничен страв, трчаше по улиците и избезумено бараше прибежиште за да се скрие од куршумите и од ножот на тие поклоници на вандализмот. Секој што падна во нивните безмилосни раце беше убиен“, запишано е за овој масакр.
Италијански офицер говори дека таква суровост никогаш не видел: „Италијанскиот полковник Албер, кој учествувал во многу борби со африкански племиња, за убиствата во Загоричани вели: Често се случуваше наши војници да бидат заробени од Африканците и убиени. Но, убивање со таква свирепост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги опишал тие што ова злодело го сториле“ .
За овој историски настан во село Загоричани во Егејска Македонија е испеана и песната „Народе македонски“.
Комунистичката партија на Македонија денекса не постетува на 26 март 1941 година. Ударната вест за потпишување на предавнички чин за приклучување на Југославија кон Тројниот пакт од страна на претседателот на југословенската влада, Драгиша Цветкович и министерот на истата влада за надворечни работи, Цинцар Маркович, на 25 март 1941 година, ја разбрани народната македонска маса со оглед дека претходно веќе на 1 март 1941 година потпишува договор во Тројниот пакт (фашистички ), бугарската влада.
Продолжете со читање на mkd.mk