231 санкционирани возачи во Скопје, 64 за брзо возење

DSC_3706.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, известува МВР.


– На територија на град Скопје изречени се вкупно 231 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 16 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 11 мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, соопшти МВР.

Од Министерството додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK