Уште само седум дена до најдобриот Weekend во годината

weekend_2023_LED_5x3m.cdr
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 150 панелисти и предавачи од 15 земји во светот, меѓу кои се водечките регионални и светски експерти, точно за една недела ќе се соберат на 16тото издание на Викенд медиа фестивалот (Weekend Media Festival) во Ровињ со цел да ги споделат искуствата и да дадат увид во најактуелните теми и трендови. Најголемиот фестивал посветен на медиумската индустрија, комуникациите, маркетингот и и работењето и оваа година ќе се одржува во старата фабрика за тутун во Ровињ под генерално покровителство на Адрис групата. Три денови инспиративни предавања, единствен нетворкинг и незаборавната забава што ќе се одржат од 21 до 24 септември во Ровињ, повторно ќе го претворат во центар на регионалните случувања.

Со фокус на работниот сектор, посетителите на овогодишниот Weekend Media Festival 16 ќе имаат можност да дознаат кои се тајните на успешната продажба и тоа ниту помалку, ниту повеќе, од правиот волк од Вол Стрит – Џордан Белфорд, магот за продажба и експерт за претприемништво по чии мемоари е снимен холивудски блокбастер. Белфорд на панелот „The Good, The Bad and The Wolf“ ќе зборува за моќта на преговарање со воиграниот тим на продажниот мајндсет, и преку видео линк ќе открие tips&tricks за успешна продажба. Панелот „Ќе му дадам понуда која не може да ја одбие“ ја објаснува улогата на моќта на преговарање, каде наградуваниот хардварски експерт за присилни преговори и динамиката на моќта Јуџин Б. Коган ќе го сподели искуството за водење на илјадници раководители низ светот. Weekend.16 ќе донесе и бројни успешни домашни приказни од светот на бизнисот, па така на панелот „Projekt Intelligiant 2.0“ ќе ги угости Марта Станиќ, Ален Жуниќ, Владимир Ивковиќ и Срѓан Ковачевиќ, четворица млади луѓе од Хрватска кои создаваат целосно нови вредности и кои ќе одговарат на прашања за кои тие сметаат дека се најважни за успех.


На предизвикувачкиот свет на комуникациите и односите со новинари и ПР  ќе се посветат панелисите Владимир Пресељ, извршен директор на „Millenium Promotion“, Томислав Клаушки, навинар од „24sata“, Ивана Галиќ Бакса, директор за комуникации на „United Media“, Ружа Вељовиќ, директорка за комуникации на „Weireless Media Group“, со модераторката Невена Рендал, извршна директорка на „Prime Time Communications“,на панелот именуван „Каде грешат пиаровците?“

Панелот „Биди корисен“ ќе биде можност за дискусија за современите трендови на денешницата, со фокус на феноменот инфлуенсери. За темата дали инфлуенсерите ја препознаваат одговорноста и колку го користат нивното влијание за ширење на свест за важни прашања, ќе зборуваат Хана Хаџиавдагиќ, Ида Престер, Андреа Андраши со модераторката Леа Станковиќ од „Communis“. Учесниците на  Weekend.16 ќе имаат можност да дознаат и што стои зад соработката меѓу уметниците и брендовите, како и за тоа дали треба уметниците да ги претставуваат брендовите со кои не делат исти вредности. На панелот „Art of Brands“ познатиот регионален дизајнер Славимир Стојановиќ Футро, стрит арт уметникот Славен Косановиќ Лунар и музичарот и Ди-џеј Бижо ќе зборуваат успешните и помалку успешните соработки. Корадо Корлевиќ, водечкиот хрватски астроном и основач на „Zvjezdarnica Višnjan“ на предавањето „ Deus machina“ ќе зборува за влијанието на вештачката интелигенција врз луѓето, опасностите кои и се закануваат на креативноста и иновативноста, крајот на светот што го познававме, како и можностите кои будат надеж.

Освен актуелните теми, составен дел на секој Weekend е и одличната забава. Ѕвезда на овогодинешната забавна програма ќе биде еден од јапопуларните рапери на новата генерација Грше, кој се прослави со освежителните хитови како  Mamma Mia, Highlife и SIP и ја покрена хрватската рам сцена на ново ниво. Ровинската публика ќе ја забавуваат и познати Ди-џеи, како Грег Вилсон, Иан Полеј, Антони Зуз на забавата на „Jutarnji list“, како и холандско-новозеландската сензација, бендот „ My Baby“, на саботната забава под покровителство на „Mastercard“. На „Забавата на големиот Перица“ ќе настапи Дино Антониќ и ДВП бендот, како и Ди-џеј Роберт Марековиќ, додека на „Дневникот на големиот Перица“ ќе биде и тема на панелот „Како малиот Перица стана голем?“ Weekend.16 ќе го заокружи „RNB Confusion“ кој слави дваесетгодишнина, а за забавата до раните утрински часови ќе се погрижат Ди-џеј Медо, Ди-џеј Турк, Зембо Латифа и гостин кој ќе биде изненадување.

Weekend Media Festival секоја година дава се повеќе причини за посета на Ровињ кон крајот на септември, а останатите овогодишни новости и деталната програма можете да ја погледнета на официјалната страна, како и на Фејсбук, Инстаграм и Линкдин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK