За оваа маска за која сите полудуваат ви се потребни наједноставни состојки кои сигурно се присутни во вашата кујна.
Погодна е за сите типови на кожа. Бидејќи има противоспалителни својства, добра е за оние со осетлива кожа, но може да ја користите и доколку вашата кожа е мрсна бидејќи маската ја абсорбира маснотијата, но не ја суши кожата.
– За почеток потребни се 200 милилитри вода и две големи лажици ориз кој не е потребно да се мие. Варете го оризот со повремено мешање додека водата не испари.
– Кога ќе завршите со првиот чекор од постапката, може да преминете на блендирање на добиената смеса која потоа треба да се процеди за да остане само убава, кремаста структура. Во тоа се додаваат две големи лажици млеко и по една лажица мед и маслиново или кокосово масло по желба.
– Состојките треба добро да се мешаат додека не се добие хомогена смеса, а потоа да ги складирате во чиста тегличка или кутија од потрошена крема.
Маската од ориз е една од најхранливите маски. Ја подмладува и осветлува кожата, ги стеснува проширените пори и крајниот резултат од нејзината употреба е здрав сјај, нежна кожа, и хидратација. Со оваа маска ќе го поттикнете природното производство на колаген и ќе ја подобрите еластичноста на кожата.
Маската се чува во фрижидер до седум дена, се користи неколку пати неделно нанесувајќи на чиста кожа и се остава да делува 15-20 минути.
М.Кизова
Фото: pixabay