Филмови кои најбрзо достигнаа 1 милијарда долари на киноблагајните

1692958415_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Филмот „Барби“ за три недели заработи милијарда долари и така ѝ се придружи на листата филмови кои успеале да заработат милијарда долари во првите неколку недели по премиерата.

Хит комедијата – во која Маргот Роби ја има насловната улога, наспроти Рајан Гослинг како Кен – ја зацврсти својата позиција како хит-филм на летото откако го надмина прагот од 1 милијарда долари за помалку од три недели, со што стана еден од најуспешните на сите времиња.

Иако филмот бележи феноменален успех на киноблагајните за краток временски период, всушност е далеку од тоа дека најбрзо го постигнал тој подвиг. Подолу е списокот на филмови кои најрано го преминале прагот по нивното прво прикажување, во опаѓачки редослед, според бројките што ги собраа „Вараети“ и „Дедлајн“.

Најбрзи преку границата од 1 милијарда долари:

„Аватар“ (2009) – 19 дена,

„Кралот Лав“ (2019) – 19 дена,
„Војна на ѕвездите: Последниот Џедај“ (2017) – 19 дена,

„Судбината на бесните (2017) – 18 дена, Барби (2023) – 17 дена.

„Бесни 7“ (2015) – 17 дена,
„Аватар: Патот на водата“ (2022) – 14 дена,
„Светот Јура“ (2015) – 13 дена,
Човек-пајак: Далеку од дома“ (2021) – 12 дена,

„Војна на ѕвездите: Силата се буди (2015) – 12 дена.

„Одмазници: бесконечна војна“ (2018) – 11 дена,

„Одмазници: Крај на играта“ (2019) – 5 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK