СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата


depositphotos_215938746_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секој четврти млад човек на возраст од 11 до 17 години не се занимава со спорт или физички активности што придонесуваат за здравјето на срцето и крвните садови, покажува новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен вчера.


Според извештајот „Генерација на која ѝ недостига движење – Глобални трендови во физичката активност на адолесцентите 2010–2025“, само 14 отсто од младите се физички активни најмалку еден час дневно, со умерен до висок интензитет.

Истражувањето опфатило повеќе од три милиони испитаници во 140 земји и покажало дека девојчињата се помалку физички активни од момчињата во речиси сите држави.

Дури 28 отсто од девојчињата изјавиле дека во текот на претходната недела немале физичка активност ниту еден ден, во споредба со 22 отсто од момчињата.

Од СЗО предупредуваат дека ваквиот тренд е загрижувачки бидејќи адолесценцијата е клучен период за стекнување здрави навики што остануваат во текот на целиот живот.

Организацијата напоменува дека едно од ограничувањата на истражувањето се различните толкувања на умерената и интензивната физичка активност меѓу земјите и културите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK