Витамини кои се неопходни во пренаталниот период и раната бременоста

Како фолната киселина влијае на телото?
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здравата исхрана е клучна кога станува збор за остварување на баланс на хранливи материи во организмот, но доколку планирате во блиска иднина да останате бремени тогаш можеби треба да размислите и да се информирате за кои витамини телото би ви било благодарно доколку ги употребувате како додадок во вашата исхрана.







Фолната киселина е многу важна за трудниците и жените кои сакаат да имаат деца. Нејзината функција е да помага при делбата на клетките. Неопходна е за формирање на плацентата и за изградбата на коскената срж на ембрионот.

Природните фолати се наоѓаат во одредени прехранбени продукти како што се: зеленчукот- темнозелена салата, домати, аспарагус и зелка, мешунките, жолчки од јајца, растителни производи како пченични трици и леб од цели зрна.

Покрај фолната киселина, од голема важност е зголем внес на железо но и витаминско-минерални суплементи кои во својот состав содржат калциум и витамин Д, неопходни за развој на коските на бебето.

Омега-3 масните киселини, кои природно се наоѓаат во многу видови риба и морски плодови имаат за цел да го промовираат развојот на мозокот кај бебињата. Доколку не јадете храна богата со омега-3 масни киселини, би било добро да ги употребувате во форма на додаток на исхраната.
Не помалку важни се витамините А, Б, Ц, Е, цинкот и јодот.

Во зависност од вашите индивидуални потреби, вашиот лекар може да ви препорача поголеми дози на хранливи материи.

Сепак бидете внимателни и немојте да земате пренатални витамини или мултивитамини во поголеми дози од дневно препорачаните. На пример, витаминот А во големи количини потенцијално може да направи штета за вашето бебе.

За да спречите несакани ефекти, особено во врска со варењето на храната почнете со зголемен внес на течности, редовна умерена физичка активност и исхрана богата со влакна како: овес, пченица, бадеми, јаболка, јачмен, брокула, грашок и тн.

М. Кизова
Фото: архива

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK