Бои- психолошка, емоционална и културна симболика

boi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бојата претставува способност на нашиот мозок за толкување на особините на објектите и таа е единствена само кај луѓето и кај некои поразвиени цицачи.







Науката која се занимава со восприемањето на бојата од страна на човечкото око и мозокот, потеклото на бојата, бојата во уметноста и физиката на електромагнетното зрачење во видливиот ранг , веќе има докажано дека боите имаат огромно влијание и емоционални ефекти кај луѓето.
Според една од теориите на таткото на аналитичната психологија Карл Јунг, ние во соништата не гледаме одредени бои, туку ги замислуваме според реалниот амбиент во кој живееме.
Секоја боја има симболично значење кое различно се интерпретира во зависност од културата и народот.

Црвена
Црвената боја симболизира крв и оган. Тоа е боја на енергијата, страста, љубовта и опасноста.
Во Индија рацете на жените што се мажат симболично се цртаат со к’на во црвена боја. Црвената боја во Индиската традиција е на пиедесталот во претставување на среќа и радост.

Жолта
Првата асоцијација која ни паѓа на памет кога ќе се спомене жолтата боја е дека таа е боја на сонцето и животот па затоа оваа боја им е потребна на оние кои им недостига чувство на топлина. Доволно е упадлива поради што и такси возилата во многу земји од светот се бојадисани со жолта боја.
Во Франција таа се смета за боја на завист и измама па затоа во минатото, вратите на оние кои биле злобни или обвинети за кражба биле обоени во жолта боја и тоа претставувало гест на нивно обележување и посрамотување.

Портокалова
Како комбинација од црвената боја која означува силна енергија и жолта што симболизира среќа, портокаловата симболизира позитивна енергија, креативност, ентузијазам, фасцинација и често е асоцијација за топлите тропски предели.

Сина
Море, безгрижност, хармонија, мир, надеж… Иако културните разлики играат улога во тоа како луѓето ја перцепираат бојата, сепак психолошки оваа боја може да се поврзе со снобизам и недостаток на емоции.

Виолетова
Во неа се слеани црвената и сината, боите кои им даваат карактер на енергијата и мирот. Виолетовата симболизира моќ, богатство, благородност, достоинство и магија.
На Тајланд и во Бразил ја носат луѓето кои се во жалост.

Зелена
Интересен податок за зелената боја е дека тоа е национална боја на Ирска која поради своите неверојатни природни убавини и зелени површини ја нарекуваат смарагден остров.
Зелена е боја на хармонија и природа, често се поврзува со чувство на сигурност.

Бела и црна
Ахроматски бои- ахроматски, односно (безбојни) се белата и црната кои не се сметаат за бои, бидејќи ги нема во сончевиот спектар.
Белата и црната се две спротивности. Белата претставува нови почетоци, чистота, добрина, совршенство, невиност. Во многу култури жените на својата венчавка носат фустан во бела боја.
Црната боја од една страна е формална боја која може да се носи на големи и важни прослави, таа се прикажува како симбол на моќ, елеганција, но често и се дава и некое негативно значање како страв, зло, темнина, непознато и тага.

М. Кизова
(фото: pixabay)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK