Ристо Самарџиев: „Чили Вили“ од реге песна заврши на шлагерски фестивал

risto1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Викендов Стрезо вози, Ристо Самарџиев ја пее „Чили Вили“ во новата епизода од TVTaxi28

Темата во третата епизода на шоуто ТВ Такси 28 е „Која е мојата супер вештина?“, а Стрезо, Стефан и Ана истражуваат дали е една професија за цел живот и колку храброст треба за промена од професор по француски да се стане веб дизајнер, од машински инженер – HR професионалец.


Меѓу гостите во епизодата е и Ристо Самарџиев кој се потсетува на „Чили Вили“, хитот од 1987 година кој ја одбележа неговата кариера.

„Јас тогаш се поистоветив со таа песна и со тој лик, кога ми се јави Славе Димитров и ме покани да пеам на Макфест. Претходно бев рокер, а 2-3 месеци пред тоа заврши приказната со Хаос ин Лаос. Ми се јави и малку ме залажа со тоа што демо снимката на Чили Вили беше буквално реге песна, а јас бев, и сé уште сум голем фан на реге музиката. Подоцна од Чили Вили испадна нешто друго, не баш реге. Јас со еден регаџиски и рокерски занес настапив на сцената и тој настап им беше прилино интересен на сите оние шлагерџии“. – се потсетува Самарџиев.

Ристо е пред сé музичар, но открива дека се занимавал и со трговија, а напредувал во професијата зад камерите постојано стекнувајќи нови вештини. Денес е уредник на најгледаната национална телевизија. Признава дека му требало доста време да премине од пенкало на компјутер поради некој отпор, но сепак дигиталниот свет е тука за да остане, за што е доказ USB -то со партизански песни што ги слуша во кола.

Фактот дека ужива во својата креативна работа, според Ристо е неговата супермоќ но кога го слушате добивате впечаток дека токму музиката е неговата супермоќ. Не ја пропуштајте новата „луда вожња“ на ТВ Такси 28 на која се потпевнуваат „Дирлада“ и „Снежо, Снежана“, а падна и договор за охридско дуетче.

Дали Ристо Самарџиев сé уште може да ја отпее Чили Вили од Ц кога Стрезо е ди-џејот, дознајте во сабота на МТВ во 9.30 или во понеделник на YouTubeTV Taxi 28

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK