Почесна „Златна палма“ за Харисон Форд

ford
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската филмска легенда Харисон Форд, кој дојде на Филмскиот фестивал во Кан да го претстави петтиот дел од серијалот „Индијана Џонс““ и последен филм каде што го глуми прочуениот археолог, вчера доби почесна „Златна палма“, како своевидно изненадување на Фестивалот, пред прикажувањето на ова негово последно остварување.







– Длабоко сум трогнат од ова признание, рече видно возбуден, 80-годишниот американски актер примајќи ја наградата.

Кога објавија дека петтиот дел од оваа филмска авантура ќе биде премиерно прикажан во Кан, организаторите посочија дека ќе му оддадат почит на Харисон Форд, неоткривајќи за што се работи.

„Индијана Џонс 5“ оди на киноплатното пред пошироката публика на крајот на јуни.

Во 2022 година, Том Круз ја доби и почесната „Златна палма“ пред прикажувањето на филмот „Топ ган: Маверик“. Почесната „Златна палма“ завчера му припадна и на уште едно големо име на американската кинематографија – Мајкл Даглас (78), кому наградата му беше доделена на свеченото отворање на 76. издание на овој светски признат фестивал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK